Град Скопје направи целосна системска корекција на решенијата за фирмарина за 2020

68

Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници дека Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“, и започнувајќи од 01.01.2020 година се изврши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, и се намали комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници кои вршат дејност.

Одделението за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци изврши целосна системска корекција на решенијата за 2020 година по намалени износи, а кои се однесуваат на Тарифниот број 1, согласно со донесената Одлука.

Доколку таксените обврзници сакаат да добијат коригиран примерок од решенијата, истите може да ги испечатат на официјалниот портал на Град Скопје и тоа во ставката ДАНОЦИ, каде што е потребно да се регистрираат и понатаму да ги следат упатствата кои водат до саканиот чекор.

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник, ќе се изврши враќање на натплатениот износ.