“Трилер” натпревар во Удине.
Екипата на Милан стигна до важен триумф од 3:2 на гостувањето против Удинезе. “Росонерите” во 93-та минута постигнаа гол и така извојуваа победа на “Фриули” која ги зацврсти на третата позиција на табелата од Сериа А.
Црна дамка на натпреварот фрли расистичкото навивање од страна на домашните навивачи, по кој голманот Мајк Mињан реши да го напушти теренот. Откако францускиот голман беше поддржан и охрабрен од своите соиграчи, се врати на теренот. Милан поведе со голот на Рубен Лофтус Чик но домаќините набргу го израмнија резултатот а потоа направија пресврт. За 2:2 израмни Лука Јович а херој на мечот беше младиот Ноа Окафор кој по мешаницата во шеснаесетникот беше најснаодлив за голем триумф на “црвено/црните”.
По победата, Милан е сигурен на третото место со 12 бодови повеќе од четврто пласираната Фиорентина која има и натпревар помалку.
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











