Откритие на деценијата во Португалија: Пронајдени се остатоци на брод стар 400 години, во него се крие вистинско богатство

328

Археолозите во близина на брегот на Португалија пронашле остатоци од брод стар 400 години за кој што веруваат дека потонал во близина на Лисабон, откако се вратил од Индија полн со зачини.

„Од гледна точка на културно наследство, ова е откритие на деценијата. Може да се каже дека во Португалија ова е најзначајното откритие на сите времиња“, изјави директорот на истражувачкиот проект, Жорже Фрејре, додавајќи дека остатоците од бродот се пронајдени во рамките на 10-годишниот археолошки проект.

Како што пренесуваат португалските медиуми, во пронајдените остатоци од бродот и околу нив, на 12 метри под површината на морето, биле пронајдени зачини, девет бронзени топови со изгравиран португалски грб, кинеска керамика и школки кои што биле користени како пари за трговија со робови во колонијалниот период.

Фрејре потврди дека сите пронајдени предмети биле „многу добро сочувани“, а тој и неговиот тим веруваат дека бродот потонал во периодот помеѓу 1575-та година и 1625-та година кога португалската трговија со зачини со Индија била во зенитот.

loading...