Од 17-ти до 24-ти ноември во Мелбурн, Канбера и во Сиднеј, по повод 70-годишнината од постоењето, ансамблот „Танец“ гостува во Австралија.
На чело на членовите на Националната установа е директорот Мартин Вучиќ, кој по пристигнувањето се упати на австралиско-македонска адреса каде го угостија со полна трпеза.

Во Австралија кај и да си, кај естрадното брачно дуо Татјана и Новица мора да си! Кај нив, за секој Македонец вратата е отворена, а особено за колегите од музичката фела кои редовно ги посетуваат кога се на турнеја.
Директорот Вучиќ заедно со колегата Бубе од „Форуна“ направија и една фотографија за спомен од посетата и убавата дружба кај Тања, а таа по пракса ја објави фотографијата на својот Инстаграм опишувајќи ја со зборовите:
ФОТО:ТАТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА/ИНСТАГРАМ
-Моите драгоцени гости и колеги од Македонија, пишува Лазаревска.
Инаку, неодамна на гости кај Новица и Татјана беа и Благица Павловска и Маријана Новачевска.
ФОТО:ТАТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА/ИНСТАГРАМ
Фото-спомен имаше и тогаш, а веруваме дека албумот со македонски гости во Австралија на пејачката е доста богат!
Извор: Вистина.мк














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















