Оние кои имаат сини очи, имаат нешто заедничко со сите синооки луѓе на светот

592

Сината боја на очите е можеби и една од најпосакуваните, а многумина ја сметаат и за најатрактивна.

Најновите истражувања откриваат нешто поради што отсега па натаму поинаку ќе гледате на сините очи.

Сините очи всушност не се сини, туку кафени. Или така барем тврдат научниците коишто ги истражувале токму боите на очите.

Всушност, научниците со години наназад го проучувале генот OCA2 чии носители имаат кафени, зелени или костенливи очи, обидувајќи се да откријат на кој начин тој мутира.

Меѓутоа, се испоставило дека мутациите не му се случуваат на овој ген, туку на генот HERC2 којшто делува како прекинувач којшто ја исклучува кафената боја, поради што гледаме само сина боја.

Тоа значи дека синооките луѓе всушност имаат кафени очи, иако тоа ние не го гледаме, па може да се каже дека синооките луѓе се во суштина луѓе со “лажни” кафени очи.

Уште една занимливост којашто ја откриле научниците коишто работеле на ова истражување е дека само луѓето со европско потекло имаат сини очи, а тој заклучок го објаснуваат со уверувањето дека оваа мутација се случила кај првите миграции на нашите претци во северна Европа.