3 најчести причини зошто жените изневеруваат: Неверството доаѓа по овие знаци – внимавајте на сигналите

154

Долго беше присутен психолошкиот стереотип дека жените изневеруваат поради љубовта, а мажите поради сексот.

Секако, далеку е вистината дека жените не уживаат во сексот, па токму сексот може да биде причината поради која што тие ќе одлучат да изневерат.

Ова се најчестите причини поради кои жените го изневеруваат својот партнер:

1. Недоволно секс

Ниту една жена не сака партнерот да ѝ биде цимер, дадилка или пак куќна помошничка. Доколку партнерот често не е дома, многу патува или пак поголем дел од времето е на работа – фрустрациите ќе си го направат своето. Можно е да станува збор и за емоционално незадоволство, па поради тоа жените во такви случаи се одлучуваат за разговор и отворено кажуваат што им недостасува. Но, доколку и потоа ситуацијата не се реши, тогаш може да посегнат по неверство.

2. Сексот е ладен и себичен

Не е тајна дека по некое време, сексот во подолгата љубовна врска може да се претвори во рутина. Доколку партнерите го дозволат тоа, со текот на времето е потешко и невозможно повторно да се разбудат страстите.

3. Сексот е одличен, но жената пати поради други работи

Многу од мажите најмногу се „потпираат“ на својата гордост. Тие со текот на времето добро го запознаваат телото на својата партнерка, ги знаат сите нејзини слаби точки и тајни и затоа секој интимен однос завршува со обостран оргазам и задоволувачки секс. Меѓутоа, тоа на ниту една жена не ѝ е доволно за да се чувствува сакано, посакувано и сигурно. Неретко партнерите се фалат со своите претходни успеси кај жените, не покажуваат доволно почит кон партнерката, па дури понекогаш ја омаловажуваат пред другите.