28-годишна лекарка од САД починала од ковид-19! Нејзината сестра тврди: Ја носеше истата маска со недели

158

Лекарката Аделин Фаган се заразила со коронавирус на почетокот на јули, а починала на 19-ти септември откако повеќе од два месеци престојувала во болница. Работела во итната служба во Хјустон, а нејзината сестра тврди дека поради недостигот на опрема со недели користела иста маска.

Според извештајот на “Guardian”, по избивањето на жариштата на југот и западот на САД починале повеќе од 250 медицински работници. Во Тексас од девет смртни случаи меѓу медицинските работници април, бројот на починати здравствени работници се искачил на 33 во јули.

Меѓу починатите здравствени работници, десетина биле помлади од 30 години. Просечната возраст за смрт на медицинскиот персонал поради Ковид-19 е 57 години, за разлика општата популација на земјата каде е 78. Околу една третина од смртните случаи се случиле поради неадекватна заштита. Недостигот на заштитна опрема е погубен за здравствените работници бидејќи за нив опасноста да се заразат е три пати поголема од остатокот од популацијата.

Не е точно познато како Фаган се заразила со коронавирусот, но нејзината помлада сестра Маурин верува дека е поврзано со работата на итната служба. “HCA West” е дел од најголемиот ланец на болници во земјата, а последните месеци националниот синдикат на медицински сестри се пожалил на намерно кршење на безбедносните протоколи на работното место, вклучувајќи притисок на заразениот персонал да продолжи со работа.

Со недели користеше иста заштитна маска

Маурин раскажала дека нејзината сестра со недели носела иста заштитна маска.

“Аделин имаше маска N95 на која беше напишано нејзиното име. Ја носеше со недели, ако не и со месеци”, рекла таа.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести преопорачува маската N95 да се користи најмногу пет пати по ред, освен ако произведувачот не наведе поинаку. Болницата “HCA West” не сакала официјално да ги коментира обвиненијата на Маурин, но шефицата на смената, Емили Сеџвик, изјавила дека болницата се држи до сите препораки.

“Нашиот протокол, заснован на насоките на CDC, вклучува предавање на маската N95 на крајот на секоја смена, а лекарите потоа добиваат друга маска на почетокот на следната смена”, рекла Сеџвик.

Била на респиратор

Фаган на 8-ми јули дошла дома со болки во телото, главоболка и температура. Тестирањето покажало дека е позитивна на Ковид-19. Боледувала од астма и по заразата имала потешкотии со дишењето. Едно попладне Маурин забележала дека усните на нејзината сестра помодреле и инсистирала да оди во болница.

Во текот на две недели Фаган во болницата добивала дополнителен кислород. Станала толку слаба што не можеле да држи телефон во рака. Била префрлена во друга болница, каде ја ставиле на респиратор.

Ден подоцна била приклучена на уред ECMO, кој ја отстранува крвта, ја збогатува со кислород, па ја враќа назад во телото.

Нејзините родители на 15-ти јули добиле дозвола да ја посетат.

“Мислам дека не бевме подготвени за тоа што го видовме кога влеговме во нејзината соба. Аделине повремено се обидуваше да одговори на нашите прашања, одмавнувајќи со главата. Кажа два три збора. Но, нејзиниот поглед беше стаклен и не бевме сигурни дали е навистина присутна”.

На 17-ти септември добила крварење во мозокот и починала. Била погребана во саботата.