Експлозивниот и отровен винил-хлорид од ОХИС однесен во Германија

629

Експлозивниот и отровен течен материјал винил-хлорид е конечно дислоциран од кругот на ОХИС.

Пренесен е во Германија каде ќе биде уништен. Како што соопштија од Министерството за екологија, со ова целата постапката за отстранување на овој материјал од ОХИС е комплетно завршена.

Цистерната со винил-хлоридот била товарена на камион кон крајот на минатата недела, а пристигнала во Германија во вторникот.

Јавноста во Македонија дозна за опасниот материјал во ОХИС кога лани во ноември дојде до пукање на црево со отпадна вода од чистењето на цистерна, каде порано бил складиран опасен материјал. Тогаш хаваријата ја забележаа жителите на овој реон на Скопје кои се жалеа на здравствени проблеми.