„27 април“: Арнаудов утринава побара 50 евра за изјава, па кога му беа понудени кажа дека се шегувал

1141

Пратеникот Љубен Арнаудов утрово на влегување во Кривичниот суд на рочиштето за 27 април за коментар на Законот за амнестија побара 50 евра од новинарите за да даде изјава, за откако по паузата од еден час му беа понудени пари, рече дека се шегувал.

– Немав намера да ги навредам новинарите. Само сакав да се пошегувам, рече Арнаудов, откако му беа понудени пари за негов коментар за тоа дали ќе поднесе барање за амнестија.

Причина за понудените пари на Арнаудов е неговата изјава утринава на влегување во Судот дека “изјава дава за 50 евра”.

Од останатите обвинети единствено пред новинарите застана началникот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски Леви.

– Тој закон не е степен на сила. Не можам да кажам ништо пред време. Тоа си е работа на судот и обвинителството, рече Ѓошевски.