15 првачиња од Основното училиште „Гоце Делчев“ од скопската населба Центар се во 14-дневна изолација, откако беше потврдено дека две наставнички од училиштето се заразени со коронавирус.
Од училиштето ја потврдија информацијата и соопштија дека наставата за сите останати ученици ќе продолжи онлајн.
На наставничките ќе им биде направен уште еден контролен тест на коронавирус, по што ќе бидат соопштени подетални информации.