NBA-Бостон Селтикс е новиот шампион (ВИДЕО)

200

Бостон Селтикс е новиот NBA шампион.

Рано утрово по четврти пат славеа над Далас Маверикс и со вкупни 4:1 ја освоија рекордната 18-та титула во тимската историја. Интересен е и податокот дека последниот трофеј “келтите” го освоија на исти датум, 17-ти Јуни во 2008 година. Тогаш пред своите навивачи го победија својот најголем ривал, Лос Анџелес Лејкерс.

На поледниот меч домаќините целосно доминираа и го имаа воството од самиот почеток. Сосема заслужено стигнаа до клучната победа со 106:88. Најефикасен беше Џејсон Тејтум со 31 поен, следен од Џејлен Браун кој постигна 21 поен и се закити со признанието “најкорисен играч” во финалната серија.

За сјајниот тандем на “селтикси” ова претставува прва титула, но исто така ова претставува најголемо достигнување за ветераните во тимот. Ал Хорфорд по цели 17 сезони за прв пат е NBA шампион а еден од клучните играчи во освојувачкиот поход на Милвоки Бакс од 2021 година, бекот Џру Холидеј по втор се закитува со шампионскиот прстен.

NBA FAN
Димитар Младеновски