Има толку многу чудни кралски правила и протоколи, што ни се чини дека секојдневно откриваме по нешто ново и бизарно за кралското британско семејство.
Една од информациите кои го привлекоа вниманието на јавноста е токму тоа што Кејт и Вилијам немаат целосно старателство над своите три деца. Односно, старателството го делат со кралицата Елизабета.
Зошто?
Чудниот британски закон кој е стар повеќе од 300 години налага „монархот да има легално старателство над своите внуци“, односно да биде директно вклучен во одлуките поврзани со едукацијата и подготовките на наследниците.
Од 1700-тите години овој закон не е променет, па така важи и за кралицата Елизабета и нејзините три правнуци од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Во моментот кога принцот Чарлс ќе го преземе тронот, Кејт и Вилијам ќе го делат старателството над своите три деца со него.
Овој закон без исклучок ќе мора да го почитуваат и принцот Хари и Меган Маркл, во моментот штом решат да го прошират семејството.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















