Жоргињо уништил врска од четири години на вработена во Челзи – нејзиниот дечко ги објави пораките!

204

Италијанскиот репрезентативец Жоргињо расипа четиригодишна романса откако флертувал со вработена во лондонскиот клуб.

Жоргињо 26 годишната Елиса Скалони, поранешна танчерка која сега е вработена во ексклузивниот салон на „Стенфорд Бриџ“ преку пораки ја прашувал некои интмини работи, а една од нив гласела „Во каков с*кс уживаш?“.

Пораките стигнале и до Арон Хјуз, сега веќе нејзиниот поранешен дечко. Тие двајца на крајот ја прекинаа врската, а се започнало пред договорениот одмор на Шри Ланка.

„Таа се повеќе и повеќе почна да зборува за Жоргињо. Започнав да се сомневам. Кога минатото лето ми кажа дека ќе оди на турнеата на Челзи низ Јапонија, и кажав дека ќе и забранам. Кога се врати ја прашав дали нешто се случило и ми кажа дека не. Тогаш не знаев за пораките“, изјави огорчениот Арон, кој инаку е навивач на Арсенал.

Се разоткрил кога го нашол нејзиниот „iPad“ на креветот.

„На креветот го видов нејзиниот „iPad“ сакав да го исклучам и тогаш видов многу пораки помеѓу неа и Жоргињо. Му праќала пораки додека била покрај мене. Додека биле во Јапонија тој и пишал да дојде кај него во соба. Во една порака на италијански ја праша во каков с*кс ужива“.

Таа му одговорила: „Во див“. Потоа тој и напишал дека сака да ја види пијана, а нејзиниот одговор: Ќе ме видиш, не грижи се“:

Сепак, покрај се договорениот одмор на Арон и Елиса не бил откажан. Еден ден откако ги открил пораките тие биле во авион за Шри Ланка.

„Беше предоцна за откажување па отидовме и тоа беа двете најлоши недели во мојот живот. Едвај разговаравме и атмосферата беше ужасна. Кога се вративме бараше да се обидеме да ја продолжиме врската, но не сакав и се разделивме“, раскажа Арон.