Одбраната на притворениот бизнисмен Јордан Камчев, во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура при Советот од Женева, од Македонскиот народен правобранител, како и од македонскиот Хелсиншки комитет.
Како што се наведува, одбраната на Камчев од нив ќе побара да се спроведе ад хок мисија, поради тоа што Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои што ја имаат ограничено неговата слобода со мерка од 30-дневен притвор, пренесува „press24“.
Како што вели одбраната, просторијата во која се држи притворениот Камчев е надвор од сите минимални стандарди согласно со закон и меѓународно право.
Во просторијата нема санитарна вода, а вода за пиење добива во ограничена количина и не секој ден, а исто така нема пристап до светлина и до свеж воздух.
Поради таквите услови, здравјето на Камчев се влошува од ден на ден, тврди одбраната, за што биле предупредени и правосудните институции и им била доставена целокупна медицинска документација од нивна страна.
За жал, досега немало никакво дејство од страна на институциите.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















