Актуелниот селектор на Босна и Херцеговина, Робер Просинечиќ во текот на денот ќе миде подложен на хируршка операција.
Легендарниот Хрват во болница заврши ноќеска, помеѓу четврток и петок, а според најновите информации ќе се задржи подолго во болнички кревет бидејќи му предстои операција.
Имено, селекторот на Босна и Херцеговина е задржан во болница за да се контатира што е проблемот, а по деталните лекарски прегледи резултатите покажале дека има проблем со слепото црево.
Ова значи само едно дека итно мора на операција која ќе биде извршена во текот на денот, а тоа го потврди Славица Пецикоза, потпаролката на Фудбалската Федерациј на Босна и Херцеговина.