Сан Франциско е првиот град во светот кој забрани продажба на пластични шишиња за вода

0
78

Загадувањето со пластика е еден од најголемите еколошки проблеми денес. Статистиката покажува дека годишно фрламе доволно пластика за целата Земја четири пати да се обвитка во пластика. Исто така, 50% од таа пластика се фрла после само една употреба.

Поновите истражувања покажуваат дека консумацијата на вода и храна во пластична амбалажа е многу штетна за здравјето затоа што пластиката содржи многу штетни хемикалии кои се испуштаат во водата и во храната и така влегуваат во човечкото тело. Една од најштетните состојки е бисфенол А или BPA. Изложеноста на оваа токсична супстанција во текот на бременоста може да предизвика недоволен развој и мала тежина кај новороденчињата.

Оваа хемикалија првично се користеше при производството на пластика за секојдневна употреба како шлемови, садови за храна, очила, сметки, како слој за обложување на металните конзерви и садови. Поради тоа денес сите луѓе ја имаат оваа хемикалија во крвта во одредена количина. Освен тоа, се покажа дека оваа супстанција има разорни ефекти врз ендокриниот систем преку тироидната жлезда и придонесува за а шишиња за водгојазност и влијае на однесувањето и развојот на мозокот кај децата.

Сепак, и покрај сите тие штетни ефекти, пластичните шишиња се уште сериозно ја загадуваат Земјата. Тоа се некои од причините зошто градот Сан Франциско почна вистинска револуција и ја забрани продажбата на пластични шишиња за вода. Ова е старт на едно глобално движење благодарение на кое ќе се намали пластичниот отпад на годишно ниво.

Планирано е забраната да помогне целосно да се исфрлат пластичните шишиња за вода за период од четири години. Исклучок од забраната ќе биде направен само ако нема адекватна алтернатива за извор на вода. Предлогот го поддржа кампањата Think Outside the Bottle, која се залага за воведување рестрикции на овој нееколошки производ.

Ова е огромен чекор не само за Сан Франциско, туку за целиот свет. Казните за прекршување на забраната може да се движат до 1.000 долари, па оваа сума дефинитивно е доволна за да се стимулираат граѓаните да си купат реупотребливо стаклено шише за вода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here