На магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце влера околу 21:45 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско.
-Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















