Жена во Франција се забарикадирала во банка, се заканува дека ќе дигне сè во воздух

835

Во еден град на југот од Франција, жена се забарикадирала во банка и се заканува дека ќе дигне сè во воздух, јавува “Russia Today”.

Инцидентот се случил денеска во градот Алес во јужна Франција, околу 10 часот наутро. Весникот “La Parisien” ја идентификувал жената како 60-годишна клиентка на таа банка, а според тврдењата на локалните медиуми, жената на грбот носела ранец.

Испаничените вработени во банката веднаш истрчале надвор откако жената која се заканува со експлозија, се затворила во зградата. Полицијата сè уште не потврдила дали навистина таа носи експлозив со себе.

Елитната единица на француските специјалци RAID е на лице место. Целото подрачје е блокирано, а полицијата пробува да преговара со 60-годишната жена која се заканува со експлозија.

EN DIRECT : l’arrivée du Raid à Alès ou une femme menace de tout faire exploser dans un établissement bancaire

Posted by ObjectifGard on Thursday, November 29, 2018