Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од „Фејсбук“, му порача на премиерот Заев пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната седница за пратенички прашања.
Алудирајќи на најавената странска инвестиција од „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија тој праша до каде е инвестицијата која лани ја најави премиерот. Заев одговори дека тие компании се посакувана инвестиција за секого, како и стотици други компании кои размислуваат, но дека членството во НАТО има влијание врз целиот процес.
„Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ рече Заев.
Милошоски, пак, обвини дека уставните измени и членството во ЕУ и НАТО се користи како оправдување да се покрие, како што рече, неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)

















![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-100x70.webp)




