Иако аутфитот на Серена Вилијамс на Ролан Гарос и оваа година предизвика лавина од коментари, вниманието го украде нејзината противничка, убавата руска тенисерка Виталија Диатченко.
Во првото коло од Грен Слемот, Диатченко повела против фаворитката Серена, но сепак не успеала да извојува победа. Тоа сепак било доволно бројни гледачи да го забележат нејзиниот манекенски изглед.
Русинката досега освоила само еден WTA наслов, на Ташкент Опен во 2011 година, а досега најголемата победа ѝ била против Марија Шарапова на Вимблдон во 2018 година.
Виталија е инаку огромна обожавателка на Формула 1, што го покажува и на својот Инстаграм профил на кој ја следат над 43 илјади луѓе.