Земјотрес го стресе Дубровник

44

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово го потресе Дубровник и околината, јавуваат хрватските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на море на околу 38 километри западно од Дубровник.

Потресот бил регистриран околу 2:30 часот утрово. Нема извештаи за материјална штета.