Ова може да биде новата фудбалска бајка во Серија А. Златан Ибрахимовиќ е пред трансфер во Болоња. Понудата е на маса, Швеѓанецот со балкански корени ќе добие 8 милиони евра за 18 месеци престој во Болоња. Газдата на калчолигашот вели дека нема проблем за парите, менаџерот на Ибра, познатиот Рајола, нема ништо против. Останува само Златан да каже „ДА“, иако и Галакси сака да го задржи.
Ибрхимовиќа би дошол по наговор на неговиот голем пријател Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња ,кој сеуште се бори со опасната болест.
„Ми се јави Миха. Ми рече да дојдам кај него. Сите ќе трчаат, мое е само да давам голови“ изјави Златан. Со него Болоња може да ги нападне оние места на табелата кои водат во Европа.
Дали сме на прагот на еден сензационален трансфер?















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















