Трамп упорен во докажувањето на изборната кражба: Камерата ги фати како носат гласачки ливчиња!

85

Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека луѓе во Џорџија се фатени како носат голем број на гласачки ливчиња и ги ставаат во гласачки машини.

„Фатени се како носат огромен број на гласачки ливчиња и ги ставаат во машина за броење на гласови во Џорџија“, порача Трамп, а потоа му се обрати на гувернерот на сојузната држава Брајан Кемп со зборовите „Одлична работа“.

Од тимот на Трамп на сослушувањето во Сенатот наведоа дека се нерегуларни повеќе од 140 илјади гласови кои потекнуваат од девет нелегални извори.

„Нелегално гласале 2,056 престапници, 66,258 помлади од 17 години, 2,423 лица кои воопшто не се регистрирани, а 1,043 илегално го користеле гласањето преку пошта. Исто така, 4,926 гласале после регистрираниот датум за гласање во Џорџија, 10,315 починале пред да гласаат, 395 гласале во две држави што гласовите ги прави неважечки, 15,700 иселени од Џорџија гласале во таа држава, а 40,279 го промениле округот и иако не се регистрирале за гласање, сепак го оствараиле своето гласачко право“.

Трамп синоќа објави снимка на која наводно може да се види како кутии полни со гласачки ливчиња ги извлекуваат под маса откако надбљудувачите ја напуштија просторијата.