Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, покрај луксузниот дом во Белград, често престојува и во својата куќа на Кипар. Луксузната летна вила, која се простира на 400 метри квадратни во Аја Напи, Цеца ја зема во 2006 година на кредит.

Кога обврските ѝ дозволуваат, Цеца заминува во својата оаза, а со оглед на тоа што со години го посетува ова место, таа го засакала и менталитетот на тамошните жители и создала многу пријателства, додека нејзините деца, Вељко и Анастасија се школувале таму.

„Имам комшии кои се Иранци, Руси и Кипарци. Во Аја Напи е прекрасно летото, а многу ми е убаво да одам таму кога ќе залади во Србија. Драгоцен е мирот кој го имам во мојот втор дом“, изјави Цеца за српските медиуми.

Интересно е што во дворот постои капела која е осветена од свештениците на Српската православна црква.
Инаку, цените на недвижнините во ова летувалиште, во зависност од локацијата се движат од 150.000 евра за помали куќи, па се’ до 2 милиони евра за најлуксузните вили.

Извор и фото: Пинк.рс

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

