Зечевиќ размислува да се кандидира за претседател на СДСМ

536

Поранешниот организациски секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, изјави дека подготвува кандидатура за лидер на партијата, но и дека клучно прашање во овој момент е дали неговата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството или „дополнително може да ги влоши и онака лошите услови во кои се наоѓа партијата“.

„Ако сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиција да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина од бурни реакции внатре во членството. Ако почнеме со тоа, нема да биде добро за СДСМ. Многу е важно пред секој политички потег, внимателно да се анализира какви реакции ќе предизвика и какви последици ќе направи.

Време до петок има, и ќе почекам дотогаш. Најважно е сега да се сочува единството внатре во СДСМ на начин каде сите релевантни фактори ќе застанат зад едно решение. – вели Зечевиќ