Здрава и посна вечера која ќе ја обожувате: Рецепт за паштета од сончоглед која ќе ви ги разбуди сите сетила

41

Доколку го сакате вкусот на паштета, тогаш може да ја подготвите сами и тоа од сончоглед. Оваа брза, здрава и посна вечера ќе ги воодушеви вашите, но и сетилата на сите кои ќе бидат во ваша близина.

Потребни состојки: 150 грама семки од сончоглед, 100 грама сусам, 100 грама кикирики, 50 грама бадеми, 3 чешниња лук или 1 црвен кромид, малку врела вода и зачини по желба.

Подготовка: Пржете ги семките од сончоглед во сува тава неколку минути. Семките од сончоглед и сусамот измелете ги во блендер, додадете ги кикириките, бадемите, лукот или кромидот, зачини (сол, бибер) и малку зовриена вода. Мешајте ги состојките додека не добиете мазна смеса.

Украсете по желба, на пример со листови магдонос. Намачкајте на парчиња интегрален леб и уживајте. На здравје!