Пустинска прашина била причината за загадениот воздух во земјава

94
Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење на топла воздушна маса која носи прекугранична прашина (се претпоставува дека станува збор за пустински ветер) и истиот може да продолжи и во наредните денови.

Висок скок на загадување на воздухот е забележан вчера во Скопје и во повеќе градови во земјава. Невладините и граѓаните алармираа дека во одделни делови на Скопје се палат пластични материјали што според нив беше причина за загадениот воздух синоќа. Од Министерството за животна средина велат дека причина за загаденоста бил пустинскиот ветар кој донел прашина во земјава, но од Град Скопје и од Инспекторатот за животна средина, засега нема никакви информации што била причината за високото загадување и што е преземено.

Невообичаено високи вредности на загаденост на воздухот вчера покажуваат и споредбените податоци на Министерството за животна средина и просторно планирање од 16 до 23 јуни. Интересен е податокот што и во Лазараполе каде што и во зима нема загаден воздух, вчера е регистрирана висока загаденост од 100 милиграми на кубен метар.

Во Карпош каде што во изминатите денови имаше загаденост на воздухот далеку под дозволената граница од 50 микрограми на кубен – околу 33,8 µg/m3 вчера се измерени 62,6 микрограми на кубен метар ПМ 10 честчки.

Вчера во скопската општина Центар се измерени 68,9 µg/m3 ПМ 10. Повисоко загадување имало и во Лисиче – 58,4, Ректорат – 54,9, Миладиновце – 54,5 и Ѓорче Петров – 52,4 микрограми на кубен метар. Само во Гази Баба се измерени 47,4 микрограми на кубен метар.

Дневни PM10 концентрации (µg/m3)
време Центар Гази Баба Карпош Лисиче Ректорат Миладиновци Мобилна станица-Бутел (02.2018-06.2019) Мобилна станица – Ѓ. Петров
Јун 16 29.7746 16.8085 27.3237 28.9479 19.4524 20.3008
Јун 17 33.6081 19.5506 28.9604 31.2973 27.9169 17.0333 17.9188
Јун 18 34.4271 23.3321 33.8333 28.0836 29.6511 20.7042 20.6425
Јун 19 41.1987 23.1694 33.2275 28.793 31.2578 24.9783 23.9946
Јун 20 50.4463 23.9367 33.9984 31.5823 33.3959 22.0917 25.7079
Јун 21 48.595 28.0749 33.8937 36 36.6647 24.2174 33.1613
Јун 22 68.9608 47.4614 62.8925 58.408 56.9134 54.5522 52.4946
Јун 23

 

Табелата покажува дека претходниот ден загадувањето на сите мерни места во Скопје и другите градови било далеку под дозволениот максимум.

Во Центар се измерени 48,5 µg/m3,во Карпош – 33,8, Лисиче – 36, Ректорат –  36,6, Миладиновци – 24,2 во Ѓорче Петров – 33,1. Во Гази Баба на 21 јуни се измерени 28 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички.

Според овие податоци, вчера попладне нешто се случило што драстично го загадило воздухот во Скопје.