Складирањето храна носи многу прашања и загриженост, особено кога станува збор за месни производи. Секој вид на месо има свој рок на траење во ладилник и замрзнувач.
Сирова живина
Сировата живина во фрижидер трае само еден до два дена (на температура од 5 степени целзиусови, или поладно), но затоа во замрзнувач може да трае до една година (на температура од -18 степени или поладно). Зготвената живина може да стои во фрижидер неколку денови, а може и да се замрзне и да се стои до шест месеци.

Црвено и свинско месо
Црвеното и свинското месо можат да стојат во фрижидер до пет дена, а можат и да се замрзнат на период од четири до дванаесет месеци. Останатото готвено месо може да трае од три до четири дена во фрижидер и од два до шест месеци ако се замрзне.

Мелено месо
Меленото месо, како што е говедското, телешкото или свинското, може да стои во фрижидер еден до два дена, а може да се замрзне на период од три до четири месеци.

Сланина и колбаси
Сланината која стои во фрижидер треба да се изеде во рок од една недела, а колбасите треба да се изедат во рок од два дена. И едното и другото месо може да се замрзне на еден месец, а некои колбаси можат да стојат во замрзнувач и до два месеци.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



