Запознајте ја Елена Божиновска – Млада инфлуенсерка која наместо да промовира брендови, поттикнува промени и се бори за правата на децата!

317

Младата Елена Божиновска која веќе извесен период живее во Италија и е стипендист на Италијанската влада и учи на магистерски студии, насока Бизнис менаџмент и иновации на Faculty of Economics La Sapienza Universita di Roma е една од ретките инфлуенсерки кај нас која што наместо да промовира брендови, своето влијание на социјалните мрежи го користи се со цел да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Дека успешно го прави тоа потврда се двете признанија кои ги доби деновиве. Имено, Елена ја доби реномираната награда Emerginh Europe за младински инфлуенсер на годината во Централна и Источна Европа за нејзината работа во поттикнување на општествени и правни промени за младите со помалку можности.

Втората награда, пак, е наградата 13 Ноември од Град Скопје од областа на хумантирна активност за посебен придонес за правата на децата.

Инаку, Елена иако е доста млада,  долги години наназад се занимава со хуманитарна работа, а децата и младите од самохрани и еднородителки семејства и борбата за нивни права е нешто со кое се бави изминатиов период и се труди на секој можен начин да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

Дека е на вистински пат потврда се овие две признанија кои се само дел од низата награди кои Божиновска ги има добиено изминативе години.

Нека Елена послужи како пример на сите останати инфлуенсери и нека нејзината активна хумана работа биде поттик и на другите своето влијание да почнат да го користат и за хумани цели.