Најмалку шест лица биле убиени во пукање во болница во Острава на североистокот на Чешка, соопштиле властите. Пукањето наводно се случило на одделението за трауматологија.
Според пишувањето на медиумите, напаѓачот е во бегство, а полицијата на својот официјален профил на Твитер објавила негова фотографија, која подоцна била отстранета.
Побарале помош од граѓаните, за да го лоцираат и ги предупредиле граѓаните дека напаѓачот претставува закана.
Policisté přijali oznámení o střelbě v nemocnici v Ostravě Porubě. Na místě nyní policisté zasahuji. Proběhla evakuce osob. pic.twitter.com/VrDDjii6Qp
— Policie ČR (@PolicieCZ) December 10, 2019
Според последните информации, напаѓачот носел црвена јакна. Подрачјето околу болницата било затворено по пукањето.
Припадниците на специјалните полициски сили дошле на самото место и во тек е евакуација на областа, објавил британски “Express”, повикувајќи се на чешките медиуми.