Inov-8 G-Series – патики кои можат да нè надживеат

842

Во текот на последните неколку години бевме сведоци на широката употреба на графенот во разните индустрии, што само го потврдува фактот дека овој материјал ќе стане многу важен во блиска иднина.

Доколку сакате да планинарите, трчате или вежбате во теретана, дефинитивно ви се потребни издржливи обувки кои можат да ви ја пружат сета удобност на регуларните патики, но истовремено да бидат поцврсти. Суперматеријалот кој неодамна стапи на сцена може да стане клуч за вашиот спортски успех бидејќи е искористен со цел да креира неверојатна линија на патики наречена Inov-8 G-Series.

Најновата линија на овој бренд користи гума која е збогатена со графен – материјал кој пружа издржливост која досега не е видена во историјата на оваа индустрија. Од друга страна, овие патики доаѓаат со просечно траење од 1000 прејдени милји, што е двоен или троен животен век во споредба со останатите патики за трчање кои моментално се актуелни на пазарот.

Патиките Inov-8 G-Series претставуваат прв модел кој го присвоил овој револуционерен материјал. За сите оние кои не се запознаени, графенот е материјал кој е 200 пати посилен од челикот, но е неверојатно лесен поради својата молекуларна структура. Исто така, графенот е флексибилен, транспарентен и водоотпорен што го претставува како идеално решение за интегрирање во спортската опрема.

Новата серија на патики ќе се најдат на пазарот од 12-ти јули и ќе поседуваат стартна цена од 150 долари.