Почетна Забава Водителката Николина Славкоска покажа како танцува, па Жељко Самарџиќ веднаш и поласка:...

Водителката Николина Славкоска покажа како танцува, па Жељко Самарџиќ веднаш и поласка: „Браво Нина“

642

Некогашната водителка на „Ексклузив“, Николина Славкоска или како што сака да се потпишува на социјалните мрежи Нина Ред по згаснувањето на естрадниот магазин, малце одмори од ТВ екраните и водителската кариера.

Меѓутоа, откако Николина ја стави водителката кариера на „стенд бај“, таа се врати на танцот односно како инструктор по танц.

Нина е активна на социјалните мрежи, па често објавува разни фотографии, видеа, постови со кои ги информира своите следбеници за нејзините активности.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Па, така често знае да постира и некое видео каде што танцува и каде што изведува разни вештини.

Деновиве, водителката на својот „Инстаграм“ објави видео на кое танцува, а во описот напиша:

„За мене танцот е лек за душа. Пушти музика и секогаш е тука. Фантазирај. Никогаш не престанувај. Откривај работи за себе. Ништо нема да е поинтересно. Пушти ги мислите. Тие и онака само не кочат. Не бери гајле. Уживај. Опушти се“.

Под објавата се нижеа позитивни коментари на сметка на Славкоска, а меѓу оние кои коментираа е и српскиот пејач Жељко Самарџиќ.

„Браво Нина“, напиша тој, а веднаш следуваше и рекација од водителката:

„Ако вие така велите сигурно е така, ви благодарам“.

ФОТО: ИНСТАГРАМ