Тим на научници и инжинери го започнаа амбициозниот проект за чистење на Тихиот океан од пластичниот отпад, фокусирајќи се на подрачје кое што е три пати поголемо од територијата на Франција.
Бродот кој што влече пластични цевки исполнети со воздух и долги 600 метри, а чија што задача е да го исчисти сметот од Тихиот океан, исплови од пристаништетот во американскиот западен град Сан Франциско.
Бродот најпрвин исплови на тест возење, пред да ја продолжи својата пловидба кон територијата на Тихиот океан која што е потврдено дека е најзагадена.
Пловечките цевки ја претставуваат досега најголемата направена бариера на море и се наречени “System 001”.
Целта на креаторот на тој систем – холандска непрофитна организација “Ocean Cleanup” е во идните пет години да се испразни половина од сметот кој што се наоѓа на тоа подрачје во Тихиот океан, односно околу 40 илјади тони пластичен отпад.
Океанографот и автор на проектот, Лорен Лебретон потврди дека после големото истражување, било откриено дека на подрачје со големина колку три територии на Франција, се наоѓа околу 80 илјади тони пластичен отпад.