Захариева: Бугарија нема да ја кочи Македонија, само тие самите можат да си бидат кочница

86

Бугарија нема да биде кочница на РС Македонија на патот кон Европската Унија, вели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Според неа, како што пишува БГНЕС, Бугарија секогаш била чесна и отворена кон РС Македонија, а тоа била и целта на декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент.

„Не можам да сфатам дека кога идат избори ќе биде запрена работата на една експертска комисија. Таа не е прекината од наша страна. Ние кога имавме лани избори за Европскиот парламент и за локална власт, ја запревме ли нејзината работа?“, потсетува Захариева.

Таа нагласува дека дека Бугарија секогаш го почитувала правото на самоопределување.

„Лошо е тоа што многу политичари во РС Македонија си мислат дека на антибугарско

Расположение ќе ги добијат изборите. Изборите поминуваат, но соседите остануваат. Никој не победил со јазикот на омразата. Тоа е мојата порака до нашите соседи“, изјавила Захариева.