Во студијата исто така се наведува дека речиси секој трет пациент во англиските болници, кој починал од коронавирус, имал дијабетес, пишува „Гардијан“.
За оние со дијабетес тип 1, автоимуна форма на болеста, три и полпати е поголема веројатноста да починат при инфекција со Ковид-19 во споредба со оние што боледуваат од дијабетес тип 2. Од друга страна, луѓето со дијабетес тип 2, болест која е тесно поврзана со прекумерна тежина, е двојно поверојатно да починат доколку се заразат во споредба со оние што немаат дијабетес. Девет од 10 дијабетичари имаат токму дијабетес тип 2, а многу од нив се со поголема телесна тежина.
Возраста, сепак, е одлучувачки фактор на ризик за смртност на пациентите со која било форма на дијабетес доколку се заразат од новиот коронавирус. Според најновите податоци за NHS, помладите луѓе со дијабетес имаат многу низок ризик од смрт во споредба со оние над 40 години, а особено во споредба со оние над 60 години.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















