Загриженоста повторно расте: Утрово нов шок на пазарот – цената на нафтата со нов скок на берзите

285

Цената на нафтата утрово бележи пораст за шест проценти.

 

Вредноста на барелот на лондоскиот пазар достигна 109 долари, што претставува раст од шест проценти во однос на вчера.

Од утринава со барелот на американската берза се тргува по цена од 109 долари.

Во претходната недела цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа нивоа под 100 долари.

Денеска треба да се менуваат цените на бензините и кај нас. Сепак одлуката Регулаторната комисија ја носи анализирајќи ја цената на нафтата во последните пет дена што значи дека денешното поскапување нема да влијае на таа одлукa.