Загина членката на тимот од ТВ серијалот „Куќа од срце“: Донесе радост на многу сиромашни семејства(ФОТО)

230

Организаторката на шоуто „Куќа од срце“, Јасмина М. (47) вчера, петок 16 април 2021 година, загина во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Лаѓевци кај Краљево, на  Ибарската магистрала. Организаторката, која заедно со возачот беше тешко повредена во сообраќајна несреќа почина и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот, додека возачот се’ уште е во животна опасност, потврдија за српските медиуми во Општата болница „Студеница“ во Краљево. Двајцата биле во камиочето кое се судрило со шлепер на главниот пат Краљево – Прељина, обидувајќи се да се приклучат на главниот пат од спореден

Јасмина зад себе остави мнштво добри дела, семејства на кои несебично им помагаше, на кои со помош на тимот им даде покрив над главата и им обезбеди подобра иднина. Семејствата со насмеани лица ги поздравуваа нејзините хумани гестови, а сега жалат за личноста која, според поранешниот сопруг на Јасмина, го оставила срцето и секој слободен момент на теренот, за оние на кои им е најпотребно.

За Јасмина во јавноста малку се знае бидејќи таа секогаш била зад камерите, а како што се наведува, таа станала член на тимот „Куќа од срце“ токму поради нејзината хуманост. Всушност, кога екипата на шоуто дошла во нејзиниот крај да му помогне на едно семејство, таа веќе била таму и им помогнала, вели изворот.

„Таа се покажа како многу способна. Покрај тоа, Јасмина ги воодушеви сите со својот гест. Таа дојде на сопствена иницијатива и му помогна на целиот тим. На тој начин го воодушеви Жарко Лазиќ, кој е главен продуцент на ова шоу и кој и понуди работа“ – вели изворот.

Да биде тажната иронија на судбината поголема и постаршна, пред три години и поранешната водителка и продуцентка на споменатото шоу, Сандра Денда, имаше сообраќајна несреќа кај Ковин. Таа се здоби со сериозни телесни повреди, па дури била и во кома, а лекарите предвидуваа дека нема да може повеќе да оди , што сепак за среќа не се случи иако водителката остана со извесен инвалидитет. На нејзино место тогаш се појави сега загинатата Јасмина М.

Фото: Курир.рс/Инстаграми Јутјуб принтскрин