Земјотрес со јачина од 5,2 единици според Рихтер го погодил градот Нејџанг во кинеската провинција Сечуан. Девет лица биле повредени.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од околу 14 километри. Повредените се хоспитализирани, а некои од нив се животно загрозени.
Како што пренесува порталот CGTN, земјотресот бил регистриран во 8:14 часот по локално време. Четири повредени лица се во критична состојба, соопштиле локалните власти.
Поради земјотресот се урнале 20 куќи, додека 11.968 домаќинства останале без струја.
Оштетени се бројни згради и три телекомуникациски базни станици, а некои училишта биле евакуирани.
Thanks to Sichuan's #earthquake forecast network, local residents in Neijiang received the alert a second ahead a M5.2 earthquake that hit Zizhong County in the city on Wednesday morning. pic.twitter.com/6tBH9SSmyF
— China News 中国新闻网 (@Echinanews) December 18, 2019
Во тек се спасувачки операции за згрижување на загрозеното население во кои учествуваат повеќе од 2.000 спасувачи, припадници на локалната полиција и Итната помош.
По анализата на геолошките структури, сеизмолозите рекле дека е малку веројатно дека во ова подрачје ќе се повтори поголем земјотрес во наредните денови.