Заев: Не планирам да поднесам оставка – референдумот успешен, над 90 отсто од излезените дадоа поддршка

0
11721

Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка од функцијата, бидејќи референдумот го оцени како успешен, на него над 90 отсто од оние кои гласале дале поддршка за Договорот од Преспа и интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој нагласи дека сега е уште поодлучен да ја води Македонија на патот до ЕУ и НАТО.

Истакна дека на референдумот гласале повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“. Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача вечерва премиерот Зоран Заев.

– Денеска имавме успешен референдум. Ако на референдумот мнозинството граѓани беа против, секако ќе го направев тоа, но ако имате мнозинство од повеќе од 90 отсто од граѓаните кои се изјасниле за не само што немам намера да поднесам оставка туку имам обврска, рече Заев.

Нагласи дека европска Македонија добила повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија. – Народот направи многу важен избор, рече Заев.

Додаде дека одлуката што ја донеле денеска, не била лесна, но морала да биде донесена, рече Заев и им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат за и против.

Упати благодарност и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои презедоа одговорност за својата татковина и гласаа по сопствена волја. Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот интерес и да ги тргнат настрана тесно партиските интереси. Повтори дека друга алтернатива е распишување предвремни избори веднаш.

– Сега е време пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството за да ги забрзаме процесите за членство во ЕУ и НАТО. Сите политичкии паритии да се приклучат на процесот и да работат на заедничката цел. Ги повикувам сите лидери секој пратеник да се обединиме и да ја однесеме земјата таму каде што припаѓа, нагласи премиерот.

–  Знам јас, знае опозиција, а знаат и сите граѓани, подобар договор со Грција нема и неможе да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме со нашата иднина и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Нагласи деека сега е време пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството за да се забрзаат процесите за членство во ЕУ и НАТО.

– Сите политичкии паритии да се приклучат на процесот и да работат на заедничката цел. Ги повикувам сите лидери, секој пратеник да се обединиме и да ја однесеме земјата, таму каде што припаѓа, нагласи Заев.

Истакна дека за уставни измени се потребни 80 пратеници, односно двотретински мнозинство и нагласи дека ова е деморкатска земја и оти во моментов не може да каже колку ќе гласаат за Договорот.

Заев рече дека во моментов нема друга алтернатива за нашата интеграција во ЕУ и НАТО и додаде дека следните неколку денови ќе се направат напори да се согледа дали има двотретинско мнозинство

– Ако нема ќе се преземат следните чекори за да ги фатиме роковите со оглед на тоа што во мај има избори за Европскиот парламент, на кои учествува и Грција, рече Заев.

Истакна дека ќе побара средби со Мицкоски, со раководствата на политичките партии со пратеници.

Со оглед на роковите во Уставот истакна дека доколку има предвремени избори би се распишале некаде во ноември, а како можен датум го спомена 25 ноември.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here