Имавме успешни и демократски избори и добивме европски претседател на државата. Стево Пендаровски е претседател на сите нас. Со кристално чистите избори во двата изборни круга покажавме дека Република Северна Македонија има врвни демократски капацитети и оти е подготвена за Европа. Ова е победа на граѓаните и на Републиката, порача вечерва премиерот Зоран Заев.
-Од денеска никој не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Исходот од денешните избори покажува дека заедно одиме напред во НАТО и ЕУ. Одекна мнозинската граѓанска определба на чисти, фер и демократски избори. Продолжуваме заедно и одговорно напред. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој, претседател на сите нас, рече Заев во своето обраќање во седиштето на СДСМ.
Тој нагласи дека патот на земјава е потврден и поплочен со успех и со сигурност продолжува напред во остварувањето на стратешките цели. Заедно, посочи, покажавме дека имаме европска земја и горд народ кој е со европски определби.
-Исходот од денешните избори е потврда дека растеме уште повеќе и дека донесовме одговорна одлука и дека заслужуваме да одиме напред. Нашето место е во НАТО и во ЕУ, поразени се деструктивните политики на поделби и немање став,.. Како централна и локална власт во соработка со новиот претседател остануваме посветени на нашите приоритети, полноправна членка на НАТО и почнување на преговорите со ЕУ, продолжуваме да ги насочуваме парите кај граѓаните, ги отстрануваме слабостите во владеењето кои предизвикаа реакција кај јавноста, ставаме конечен крај на поделбите и заедно градиме обединување внатре и сојузништво надвор,потенцира Заев.
Ќе покажеме, додаде и како се достигнуваат економските рекорди за доброто на секој човек во оваа земја.
-Напредокот на Северна Македонија ќе биде мотор и за напредок на регионот и Европа, рече Заев.
Премиерот посочи дека денеска победија и нивните кандидати за градоначалник во Охрид и Ново Село, Константин Георгиевски и Никола Андонов.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















