За него науката вели дека е најубав на светот: Античките Грци ги сметале ваквите мажи за совршени

769

Холивудската ѕвезда Роберт Патинсон е прогласен за најубав маж на светот, според резултатите од истражувањето кое имало за цел да одбере совршено машко лице.

33-годишниот актер има 92,15 отсто правилности според златниот пресек на убавина и со тоа зад себе ги остави некои од најпознатите заводници како Бред Пит и Дејвид Бекам.

Очите на Роберт, неговите веѓи, носи, усни, брада и вилица, а со самото тоа и обликот на лицето се најблизу до она што античките Грци го сметале за перфекција.

Британскиот актер Хенри Кавил е на второто место со 91,64 отсто, а на третото и четвртото место се најдоа актерите Бредли Купер и Бред Пит.

Зошто златниот пресек е тајна на убавината?

Пропорциите на златниот пресек претставуваат извор на совршена убавина, а оваа формула за мерење се користела уште во ренесансата кога уметниците и архитектите со помош на равенка попозната како Златен пресек, ги создавале своите ремек дела.

Универзалната математичка формула на убавина се заснова на точни мерки – должина и ширина на нечие лице, по што се добиваат резултати. Мерењето се врши од горната линија на челото до просторот помеѓу очите, од линијата на очите до врвот на носот, а потоа од врвот на носот до дното на брадата.

Лицето се смета за убаво доколку сите броеви се приближно еднакви. Потоа се посветува внимание на симетријата и пропорциите на лицето. За да бидете убави според златниот пресек, должината на ушите треба да ви биде еднаква на должината на носот, а ширината на окото да е еднаква на растојанието помеѓу очите.

Ова е целосната листа на најубавите познати мажи на светот:

1. Роберт Патинсон

2. Хенри Кавил

3. Бредли Купер

4. Бред Пит

5. Џорџ Клуни

6. Хју Џекмен

7. Дејвид Бекам

8. Идрис Елба

9. Канје Вест

10. Рајан Гослинг