Да се заглави во изолација со поранешен сопружник е кошмарно сценарио за многу луѓе, но не и за Деми Мур и Брус Вилис кои не се типичен разведен пар.
,,Моќната двојка’ од 90-тите , чиј брак заврши во 2000 година, по разводот останаа во пријателска врска, а тоа сега го потврдија и со фотографиите од изолација што ја поминуваат заедно.
Деми и Талула Вилис на својот Инстаграм објавија фотографии од поранешните сопружници кои носат исти пижами со зелени и бели пруги, а на две од нив е прикажан и остатокот од домаќинството со кое се наоѓаат во изолација, односно нивните три ќерки и нивните партнери и кучињата.
И покрај тоа што им даде одличен пример на другите разведени парови, Брус исто така покажа и скриен талент за фризер и ја избричи главата на својата ќерка Талула.
Патем, Брус е во брак со манекенката Ема Хеминг уште од 2009 година, со која има две деца, додека Деми во моментов е сингл.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















