И оваа сезона во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има неколку македонски кандидати кои ќе се борат да стигнат до финалето на музичкото шоу.
Еден од нив е и кумановецот Марио Арангеловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.
Марио засега помина во третиот круг на шоуто, а наскоро со својот ментор ќе ги започнат подготовките во истиот.
Имено, Арангеловски во едно свое видео на Јутуб истакна дека бил изненаден од првиот менторски час и тоа колку менторите биле посветени на своите кандидати.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Во интервју за Гламур, Марио откри како поминува едно снимање на музичкото шоу.
„На последното снимање во Белград, покрај обврските околу настапот, одлучив да снимам и влог за мојот канал на јутуб. Па, топло им препорачувам на сите ваши читатели да тркнат таму и да го погледнат, за на еден вистински начин да ја почувствуваат таа тензија која владее помеѓу нас кандидатите пред настапот, но, и да видат што се се случува кога камерите се исклучени и како всушност изгледа студиото. Накусо, снимањата се многу напорни, особено за нас кои не живееме во Белград или Србија, генерално. Долг пат, проби, шминка, фризура, чекање…, вели Арангеловски.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Меѓутоа, Марио исто така откри каков ментор е Карлеуша, како заедно се подготуваат за песните и круговите.
Да, на мое огромно задоволство, Јелена Карлеуша ми е ментор. И на самиот почеток мора да напоменам дека ми е чест што имам можност да работам со неа и што ме поддржа уште во првиот круг, па со самото тоа имав можност да ја одберам за ментор. Инаку, вежбаме во Гранд продукција, во едно музичко студио. Мира Шкориќ е дел од екипата која работи со нас, а, наскоро ќе ни се приклучи и Ивана Петерс. Ние најчесто одиме со список на песни кои би сакале да ги пееме, тие ги селектираат оние кои сметаат дека се соодветни за нас, не слушаат, а потоа следува финалниот избор, со нивни препораки“ вели македонскиот кандидат за Гламур.

ФOТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Како Марио ќе се подготви за третиот кру и дали ќе ги добие сите гласови останува да почекаме.