За колку пари ќе бидат побогати пејачите кои дочекот на Нова година ќе го поминат работно?

279

Повеќето пејачи ни за дочекот на 2020 година нема да одмараат дома, туку дочекот на Новата година ќе го поминат работно. Тие не се жалат бидејќи настапите меѓу 31 декември и 1 јануари се најплатени.
Она што е сигурно е дека Белград ќе биде центар на добриот провод, бидејќи многу познати пејачи ќе настапуваат токму таму.
Цеца Ражнатовиќ ќе настапува во еден хотел, а сцената ќе ја дели со Слоба Радановиќ. Цеца ќе биде побогата за 80.000 евра, додека нејзиниот колега ќе земе 20.000.

Лепа брена ќе земе 45.000 евра, а на истото место и Маја Беровиќ, која за 23 саати продолжува во друг клуб, за таа ноќ ќе заработи 60.000 евра. За 10.000 евра повеќе од нејзината колешка Марија Шерифовиќ.

Милица Тодоровиќ и Јелена Костов во 2020 година ќе влезат со својата публика од Белград. Милица за својот настап ќе заработи 20.000 евра, а Јелена Костов 12.000 евра.
Црногорците и оваа година го одврзаа ќесето. Здравко Чолиќ ќе пее на плоштадот во Будва и ќе заработи 100.000 евра. Ацо Пејовиќ си обезбеди хонорар од 50.000 евра за настап во хотел.

Во еден клуб во Будва ќе пее и Милица Павловиќ која се осигура себеси за 45.000 евра, додека пак Харис Џиновиќ на 31 декември во Бар ќе се збогати 37.000 евра.


Покрај Чолиќ, единствен кој ќе земе 100.000 евра е и Дино Мерлин, кој ќе настапува на нашиот плоштад во Скопје.


Саша Матиќ во Загреб договори настап за 40.000 евра, додека Аца Лукас во центарот на Златибор ќе земе 50.000 евра. Наташа Беквалац ќе пее во Виена за 40.000 евра. Но тие имаат договорени настапи и за вечерта 1ви јануари, кои се исто така добро платени.