Османи дециден дека ќе нема предизборна коалиција со СДСМ

659

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашнава емисија „200“ на Алсат истакна дека најверојатно нема да има предизборна коалиција со СДСМ. 

– Јас мислам дека секој од нас, секоја политичка партија прво треба излезе пред граѓаните да ја добие довербата од граѓаните, а потоа да се разговара за коалиции. Јас мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде во Владата. Ја исклучувам можноста за коалиција со СДСМ, ние имаме соработка. Јас сум против концептот на деетнизирање на албанската политичка сцена во Македонија, односно неалбанска, туку било која политичка сцена да се деетнизира. Мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде нивен претставник, иако со СДСМ имаме добра соработка во овие три години – рече Османи.

Тој очекува позитивна динамика во однос на членството на Македонија во ЕУ, но сепак е внимателен во однос на ветувањата или спомнувањето на конкретни датуми. Османи рече дека земјата е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство.