Неодамна, Џенифер Анистон го даде најискреното интервју во својата кариера за американското списание “InStyle”.

“Сите тие претпоставки и гласини дека “не знам како да ги задржам мажите во мојот живот” се луди. Исто така, зборуваат и дека одбивам да родам дете бидејќи сум себична и свртена само кон кариерата. Секако, се пишува и дека моето срце е скршено. Со цела почит, тоа не е точно. И уште една работа – сите тие безобѕирни коментари се само претпоставки, никој не може да знае што се случува зад затворени врати”, признала актерката во интервјуто.

Она за кое најмногу се пишува е фактот дека таа нема деца, а честопати ја споредуваат со поранешната партнерка на Бред Пит – Анџелина Џоли, која има шест деца.
“Не знам како никому не му паѓа напамет дека тоа е чувствителна тема. Никој не знае низ што сум поминала во животот, од медицинска и емотивна гледна точка. Постои тој огромен притисок врз жените да станат мајки, а доколку не го направат тоа, на нив се гледа како оштетена роба. Можеби мојата поента во животот не е раѓањето. Можеби треба да се занимавам со други работи?”, заклучила Џенифер за “InStyle”.


















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)































