Вучиќ: Ако започне погромот на Косово, на НАТО му даваме рок од 24 часа да реагира

520

Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод кризата на Косово, вечера на ТВ Пинк изјави дека денес се лутел на сите негови соговорници од Западот и ги замолил да кажат што тоа направила Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Седум дена на Запад не се возбудуваа, но се возбудија кога Србија покажа дека нема да дозволи погром против своето население. Мислеа дека се шегувам кога реков дека нема да дозволиме погромите да се повторат. Мислат дека ова го велам поради домашната публика. Но, за секој збор што го кажувам, се обидувам да го измерам десет пати пред да го кажам, подвлече Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи дека испратил недвосмислена порака до НАТО дека Србија ќе реагира доколку алијансата не реагира ако има погром против Србите на Косово.

Вучиќ кажа дека Србија само ја подигнала готовноста на Војската, дека не влегла на територијата на Косово, не затоа што го смета за своја територија, туку затоа што со Кумановскиот договор и сите одлуки што следеле, заклучно со отворањето на административната премини, на тоа нема право.

-Сепак, ние недвосмислено кажавме, и тоа му го повторив на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека нема да влеземе со нашите трупи во Косово и Метохија, бидејќи не сакаме да го загрозиме мирот. Ќе чекаме на вас 24 часа за да реагирате како НАТО, ако има погром против Србите. Ако продолжи погромот на нашето население, Србија ќе реагира и нема да го дозволиме тоа да се случува, објасни Вучиќ.

Тој кажа и дека бил „погоден” од насловната страница на утрешниот број на „Данас, кој „го обвинува за звецкање со оружје”, и дека постоел план да се затворат премини меѓу Косово и делови од централна Србија, каде живеат етнички Албанци.

-Да се затвори Кончуj, да се пуштат само Срби во Ропотово и да нема контакт помеѓу Албанците од Косово и оние од Бујановац и Прешево. Можевме (да го направиме тоа), таа идеја постои, јас сум против таа идеја, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека „разните центри на моќ во земјата и во странство” сакаат полоши резултати на Србија, а на наводите да „звецка со оружје” поради надлетите на воените авиони во близина на административните премини со Косово, Јариње и Брњак, кажа да во разговорите со преставниците на НАТО и ЕУ „се лутел на сите свои соговорници”.

-Сега имаме 14 МиГ-29 (кои можат да летаат). Тие мислеа дека се шегувам. Зарем Србија нема право да ги подигне своите хеликоптери или авиони во централна Србија? (Претставниците на ЕУ) не беа возбудени седум дена поради оклопните возила на косовската полиција, но беа иститата секунда кога Србија покажа дека нема да дозволи (да ја понижуваат), кажа Вучиќ.