Радовишанецот Јордан: Нема мајстори, никој не се нафаќа, приморан сум сам да работам

131

Се помалку мајстори на пазарот или оние што останаа држат цена, за ситна работа не сакаат ниту да дојдат, а за некоја поголема работа ќе треба да почекате и две – три недели.

Па затоа граѓаните се повеќе се одлучуваат самите да бидат мајстори и да си ги завршуваат работите. Еден од таквите примери е и радовишанецот Јордан Јовчев.

Тој е поранешен ракометар и тренер, тој сам си го оградува дворот тој побарал мајстори, но никој не се нафаќал за ваква пипава работа, како што тој вели.

– Ова сам го правам нема мајстори, приморан сум сам да работам, ова нема мајстори а и се многу скапи, мајстори за плоки стигнуваат и по 30 евра од квадрат.

– Никој не ме брза полека по полека, сам работам, а работата не е лесна, камењата ги зедов од реката, инаку никој не се нафаќа за оваа пипава работа вели Јовчев за телевизија Кобра.

Јордан сето ова го работи од мерак, но се поставува прашањето дали веќе се соочуваме со недостаток на мајстори и занаетчии, ѕидари, молери, водоинсталатери и слично.

– Мајстори нема, дури и тие што ги има ти бараат многу, па решив сам полека да го сработам ова, вака украсно за подобар изглед, вели Јовчев.

Дали работниците од овие дејности си заминуваат во странство за поголеми плати, ќе се доведеме ли во ситуација да нема кој чешма да ти смени.

Или пак некој да ти отсрани електричен дефект или слично, за оваа насока и овие проблеми треба да размислуваат надлежните.

Бидејќи сведоци сме дека се повеќе млади овие мајстории и занаети не ги избираат за своја животна заработка, туку се насочуваат на други дејности.