Втор дел ‘тролања’ на социјалните мрежи по враќањето на Мијалков: „Добар ден. Дали сте во Македонија?“

794

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за да си го подигне решението за домашен притвор.

Имено, екипа на „ТВ24“ го пречека Мијалков и му направи кратко интервју во кое тој истакна дека бил во самоизолација, бидејќи имал висока температура и други симптоми на Ковид-19.

Како што вели и самиот, тој не знаел дека по него била распишана меѓународна потерница, и за тоа дознал вчера наутро. Попладнето одлучил (барем според неговите зборови) пеш да појде во Обвинителството да го подигне своето решение за домашен притвор.

И, се разбира, после завршувањето на оваа драма, на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите. Граѓаните не веруваат во зборовите на Мијалков дека бил во самоизолација и дека не слушнал оти се бара под дрво и под камен, па на оваа тема објавуваат безброј ‘тролови’.

Ова беше првиот дел од тролање на социјалните мрежи

Во продолжение вториот дел од најсмешните објави поврзани со ненадејното појавување на Мијалков.