„Вселенска Маракана“ од 200 милиони евра: Погледнете како ќе изгледа новиот стадион на Звезда (ФОТО)

743

Црвена Звезда во последните три години се врати на европската цена и во тој период клубот заработи 100 милиони евра вклучувајќи ги и трансферите на фудбалерите, па директорот Звездан Терзиќ најави дека „Маракана“ ќе се реновира за 200 милиони евра.

По најавата на Терзиќ српски „Курир“ објави фотографии од потенцијалниот изглед на стадионот. Според информациите капацитетот на „Маракана“ ќе биде намален од 55.000 на 42.000.

Србите на овој проект му дадоа прекар „Вселенска Маракана“ и го нарекоа најмодерен и најубав на Балканот.